НБРМ ја спушти проценката за раст на 2,2 отсто во 2013 г.

Bez autora
Jan 31 2013

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во четвртокот изврши мала надолна ревизија на проценката на растот на БДП за 2013 година од 2,6 на 2,2 отсто, а изврши и надолна ревизија на очекувањата за движењето на инфлацијата. И ваквата ревидирана проценка за растот на македонската економија на НБРМ се уште е повисока во однос на владината проценка, која се движи до два отсто. Обично во претходните години, проценката на НБРМ беше пониска од проценката на владата. Воедно, НБРМ проценува дека македонската економија во изминатата 2012 година стагнирала, односно дека оствари нулта стапка на раст. Централната банка надолу ја ревидираше и прогнозата за раст на македонското БДП за 2014 година на три отсто, од 3,4 отсто, колку што прогнозираше во октомври минатата година.

НБРМ ја спушти проценката за раст на 2,2 отсто во 2013 г.Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во четвртокот изврши мала надолна ревизија на проценката на растот на БДП за 2013 година од 2,6 на 2,2 отсто, а изврши и надолна ревизија на очекувањата за движењето на инфлацијата.

И ваквата ревидирана проценка за растот на македонската економија на НБРМ се уште е повисока во однос на владината проценка, која се движи до два отсто. Обично во претходните години, проценката на НБРМ беше пониска од проценката на владата.

Воедно, НБРМ проценува дека македонската економија во изминатата 2012 година стагнирала, односно дека оствари нулта стапка на раст.

Централната банка надолу ја ревидираше и прогнозата за раст на македонското БДП за 2014 година на три отсто, од 3,4 отсто, колку што прогнозираше во октомври минатата година.

„Истовремено во таков амбиент извршивме и надолна ревизија на инфлацијата од 3,5 на 3,2 отсто за оваа година и од 2,6 на 2,3 отсто за наредната година, со надолни ризици“, изјави на денешната прес конференција гувернерот Димитар Богов, дополнувајќи дека е можно уште помало намалување на инфлацијата.

Како што појасни Богов, благата надолна корекција на економскиот раст е последица на дел од ризиците за влошување на глобалниот економски амбиент, поради што се очекува пад на ефективната побарувачка, особено на нашите најголеми трговски партнери.

Гувернерот истакна дека извозот и инвестициската активност ќе бидат главните фактори за остварување на економски раст, изразувајќи уверување дека негативниот тренд на индустриското производство конечно ќе биде прекинат.

НБРМ предвидува проширување на дефицитот на тековната сметка за 3,8 отсто за 2013 година, и на 5,4 отсто во 214 година.

По растот на нето приливите од прифатните трансфери во 2012 година, се очекува номинална стагнагија во 2013 година и намалување на нивното учество во БДП, при умерен номинален раст во 2014 година.

Од друга страна, по зголемување на трговскиот дефицит во 2012 година, се очекува слично ниво и за 2013 година и негативен пораст во 2014 година.

Богов информираше и дека НБРМ очекува стабилни капитални приливи годинава и нивен раст во наредната година, како резултат на очекувањата за повисоки странски директни инвестиции и повисоко надворешно задолжување на државата.

Воедно се очекува натамошен раст на девизните резерви и нивно одржување на адекватно ниво.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik